Радванска планира да направи „кам-бек“ во тенисот

Поранешната полска тенисерка, Агњешка Радванска размислува да направи кам-бек во „белиот спорт“, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Како што пишуваат полските медиуми, 33-годишната Радванска изјавила дека е инспирирана од нејзината сонародничка Ига Швјонтек која во моментов ја презема првата позиција на ВТА листата и затоа размислува да се врати на тенисот.

Радванска објави дека се повлекува од тенисот во 2019 година. Најголем успех во кариерата и е финалето на Вимблдон во 2012 година каде беше поразена од Серена Вилијамс, а во 2015 година го освои завршниот ВТА турнир.

 

Се вчитува...