Фудбалерите на Манчестер јунајтед, се чини, го губат здивот во битката за една од водечките четири позиции во Премиерлигата кој овозможуваат настап во Лигата на шампионите.
Во 30. коло од Премиерлигата, „црвените ѓаволи“ ремизираа (1-1) со Лестер, а се спасија од пораз откако ВАР-системот поништи гол на гостите во 80. минута.
Ихеаначо во 63. минута ги доведе гостите до предност од 0-1, но Фред во 66. минута успеа да израмни на 1-1.
Манчестер јунајтед се спаси од пораз во 80. минута кога Медисон постигна гол за гостите, но по ВАР-реакција беше поништен поради наводен прекршок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

