Непишано правило во Шпанија: Пенали колку сакаш, додека не поведе Реал Мадрид

Реал Мадрид се врати на победнички патеки во Ла Лига триумфирајќи со 1-2 на гостувањето против Селта, меч на кој за „кралевите“ беа досудени дури три удари од белата точка.

Бензема го искористи првиот за водство од 0-1 во првото полувреме. Селта израмни пред крајот на полувремето, тој погодок беше поништен со ВАР, но домаќините стигнаа до заслужено израмнување преку Нолито. И кога домашните фудбалери се обидуваа да стигнат и до целосен пресврт, судијата по вторпат покажа на белата точка за Реал.

Овојпат Бензема не беше прецизен, но само две-три минути подоцна главниот арбитар повторно се најде во центарот на вниманието со трет досуден пенал, овој убедливо најсомнителен бидејќи Менди самиот го иницираше контактот со домашниот дефанзивец. Карим Бензема не греши двапати, па најдобриот фудбалер на Реал овојпат биеше прецизно и му ја донесе победата на својот тим.

Се вчитува...