Борусија Дортмунд се откажа – трансферот на „новиот Халанд“ пропаѓа во „пет до дванаесет“

Трансферот на Карим Адејеми во Борусија Дортмунд долго време се чинеше како завршена работа, но според последните информации челниците на германскиот клуб во последен момент се откажале од намерата да го донесат суперталентираниот голгетер на Салцбург.

„Милионерите“ во Адејеми гледаа идеален наследник на Ерлинг Халанд, играч што како и Халанд блесна како член на Салцбург и очекува чекор напред во кариерата летово. Личните услови се средени уште пред извесно време, но трансферот се искомпликувал откако австрискиот првак одби да преговара и инсистира клубот што го сака Адејеми да плати 45 милиони евра, колку што изнесува клаузулата на овој фудбалер. „Милионерите“ немаат намера да платат повеќе од 35 милиони евра, па според германските медиуми веќе почнале да гледаат други опции за нападот, откажувајќи се од Адејеми.

Салцбург ќе нема проблем да го продаде својот најдобар фудбалер, ако се знае дека за Адејеми во изминатиот период се интересираа Арсенал, Ливерпул, Барселона, како и Баерн Минхен, а сумата што ја бараат Австријците не е превисока за овие европски гиганти.

Се вчитува...