ПМФЛ – 25. КОЛО….
Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (0-0)
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ (1-0)
Радески 49′
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-2)
Маронг 5′ – Игнатов 63′, 79′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (2-0)
Емини 63′(п), 90′(п)
Скопје: БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (2-2)
Дамњановиќ 35′(п), 59′ – Шефити 77′, Селмани 80′(п)
ВЧЕРА
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1-3
======================================================================================
- Крај и на дуелот на Чаир. Минимална победа на Шкупи од 1-0 со Тиквеш.
- Шкендија одигра без голови со Борец, а Македонија ЃП со два гола од пенал славеше против Пелистер со 2-0.
- Крај и на дуелот на теренот во ФФМ. Ренова и покрај тоа што имаше 0-2 во финишот дојде до 2-2. Брегалница доби два црвени картони.
- Крај на натпреварот во Струмица, изненадувачка победа на Скопје со „кец во два“, обложувачки кажано, против Академија Пандев!
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (2-0)
2-0 – 90′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Уште еден пенал за „лавовите“ и уште еден гол на Сефер Емини
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (2-2)
2-2 – 80′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Неверојатни возбудувања… Мојсов прави прекршок за пенал и црвен картон. Ренова со голот на Селмани од пенал го израмнува резултатот, а Брегалница е со два фудбалери помалку!
АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-2)
1-2 – 79′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Леонид Игнатов со својот втор гол носи пресврт предност за Скопје во Струмица
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (2-1)
2-1 – 77′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Еврогол на Шефит Шефити со шут од 20 метри
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (1-0)
1-0 – 63′ – ГООООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Гол од пенал на Сефер Емини за водство на „лавовите“
АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-1)
1-1 – 63′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Леонид Игнатов го израмнува резултатот во Струмица!
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (2-0)
2-0 – 59′ – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Одлична асистенција на нововлезениот Алтипармаковски до Дамњановиќ кој откосо стрела за 2-0. Штипјани и со играч помалку до предност од два гола!
ШКУПИ – ТИКВЕШ (1-0)
1-0 – 49′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Марјан Радески стрела за предност на Шкупи
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (1-0)
50′ – Одличен шут на Мустафов од 20 метри, но уште поубава одбрана на Денковски кој исфрла во корнер
- КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (1-0)
45′ – Непромисленост на Дарко Додев, но се чини и престрога одлука на главнот судија. Поради обид да одглуми пенал добива втор жолт картон и исклучување! Брегалница останува со играч помалку!

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (1-0)
1-0 – 35′ – ГООООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Урош Дамњановиќ од пенал носи водство за Брегалница, откако претходно имаше игра со рака во шеснаесетникот од гостите
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (0-0)
27′ – Добар обид на Дамњановиќ од 20 метри директно од слободен удар, но брани гостинскиот голман
- Први 25 минути игра на прволигашките терени, а без многу возбудувања со само еден погодок во Струмица

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (0-0)
14′ – Обид на Додев од 16 метри, но блокиран неговиот шут кон голот на Ренова
ШКУПИ – ТИКВЕШ (0-0)
9′ – ИНТЕРЕСНА СИТУАЦИЈА НА ЧАИР. Главниот судија Јован Качевски од Струга најпрво досуди пенал за Тиквеш на дуелот против Шкупи, а потоа по консултација со помошникот го поништи. Во Македонија нема ВАР, но секако може да се разгледуваат и променат првично донесени одлуки!
АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-0)
1-0 – 5′ – ГООООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Домашните во Струмица експресно доаѓаат до водство со голот на Маронг
- ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 25. КОЛО ВО ПМФЛ

======================================================================================
Во 25. коло од ПМФЛ, фаворитите со лесни задачи во обидот за нови бодови. Интересна пресметка меѓу Брегалница и Ренова која ќе се игра на теренот на ФФМ во Скопје.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

