Интер слично како и лани поради финансиски проблеми ќе биде принуден да продаде дел од клучните првотимци за да ги покрие долговите. Откако минатото лето си заминаа Лукаку и Хакими, за крајот на сезонава истото се предвидува и за Лаутаро Мартинез, кој е следен на лситата на играчи кои ќе го напуштат „Џузепе Меаца“.
Аргентинецот го прекина својот долг голгетерски пост, сезонава веќе има 14 погодоци зад своето име во Калчо-лигата, но директорот Марота веќе почнал да разгледува понуди за неговите услуги. Како што јавуваат италијанските медиуми, во главна улога се англиските премиерлигаши Тотенхем и Арсенал, кои се подготвени да влезат во трка за потписот на Лаутаро.
Главен адут на Тотенхем е тренерот Антонио Конте, со кого Аргентинецот имаше беспрекорна соработка минатата сезона. Во период кога се очекува од Тотенхем да си замине Хари Кејн, за очекување е Конте да инсистира токму Лаутаро да биде замената за англискиот репрезентативец. Сериозен ривал во секој случај ќе биде и Арсенал, кој веќе остана без Обамејанг, летово ќе си замине и Лаказет, па „топчиите“ ќе имаат и сериозен буџет за да го убедат аргентинскиот ас да се пресели на „островот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА