Наполи стигна до голема победа од 1-3 на гостувањето кај Аталанта во борбата за титула во италијанската Серија А.
Иако гостите поведоа со 0-2, тимот од Бергамо преку Де Рон во вториот дел намали на 1-2 и го однесе натпреварот во неизвесна завршница.
Сепак, дилемите околку победникот ги реши македонскиот интернационалец Елјиф Елмас кој во 81. минута на одличен начин ги постави конечните 1-3. По голот на „дијамантот“ навивачите на тимот од Неапол подивеа на трибините и продолжија да веруваат дека можат да дојдат сезонава до титулата.
VIDEO NM – Atalanta-Napoli, l’euforia al gol di Elmas pic.twitter.com/32zzY4F4na
— Napoli Magazine (@napolimagazine) April 3, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

