Се и сешто на дуелот на ФФМ: Брегалница со два црвени картони, а Ренова на крај со поплаки кон судијата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Повеќе од возбудлив натпревар меѓу Брегалница и Ренова на теренот на ФФМ во Скопје.

И покрај тоа што Брегалница се до последните 15 минути од средбата имаше предност од 2-0, на крајот дозволи два гола во 77. и во 80. минута на противниците за конечни 2-2.

„Сините“ од Штип завршија и со два црвени картони, кои се чини беа престрого доделени. Најпрво во 45. минута втор жолт картон поради симулација на пенал доби Додев, а потоа во 80. минута по направен пенал црвен картон доби и капитенот на Брегалница, Даниел Мојсов.

А, на крајот од мечот, зачудувачки, „гипсарите“ беа тие кои беа револтирани на главниот судија, па претставници на Ренова се впуштија и кон судиската тројка, но беа запрени од секогаш максимално коректниот Ќатип Османи.

 

Се вчитува...