Работнички издржа само три четвртини, Еуро Никел ги освои бодовите во Кале

Еуро Никел обезбеди место во Супер-лигата од кошаркарскиот шампионат откако актуелниот вицепрвак вечерва славеше на гостувањето против Работнички со убедливи 68-87. „Центарци“ три четвртини целосно му парираа на гостинот од Кавадарци, но немаа сили во завршните десет минути во кои Еуро Никел целосно доминираше, на крајот стигнувајќи до убедлива победа.

Балмазовиќ ги постигна првите осум поени за Работнички на натпреварот, домаќините набрзина поведоа со 12-4, но кавадарчани се вратија и ја завршија првата четвртина со предност од 19-23. Втората четвртина мина во израмнета битка, за со поените на Какруки на одмор да се замине со само еден поен позитива за гостите (42-43). Кавадарчани беа фуриозни на стартот од последната четвртина, која ја отворија со серија од 17-4, стигнувајќи до двоцифрена предност што умешно ја задржаа до самиот крај.

Џекиќ со 18 поени беше прв стрелец на победничкиот тим, Дубински постигна 16 поени и имаше осум асистенции, додека искусниот Соколов го заврши мечот со 12 поени, 10 скокови и шест асистенции. Во редовите на Работнички најефикасни беа Едвин со 18 и Балмазовиќ со 16 поени.

Се вчитува...