Реал Мадрид успеа да освои драгоцени три бода на гостувањето на „Балаидос“, а Тибо Куртоа не е сигурен дека неговиот тим заслужи цел плен од натпреварот со Селта Виго.
Белгискиот чувар на мрежата го одржа својот тим во игра со две извонредни одбрани во првото полувреме, но и со една спектакуларна при резултат 1-1.
Реал Мадрид доби три пенали на мечот со Селта и на крајот славеше со 1:2, но наспроти полемиките кои ги донесе последната најстрога казна, Куртоа испрати и сериозно предупредување до своите соиграчи во пресрет на важниот натпревар во Лигата на шампионите.
„Навистина многу страдавме против Селта, но секогаш ни е тешко против овој тим од Виго. Не сум сигурен дека заслуживме да победиме, имав многу одбрани во текот на целиот меч. Што се однесува до Челси, тие загубија на домашен терен во Премиер лигата и ќе излезат со сите сили во среда. На моменти, ни недостасува интензитет во играта, а Челси е врвен по интензитетот. Ќе мора многу да внимаваме на тоа“, предупредува Куртоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

