Пари Сен Жермен убедливо го победи Лориен со 5-1, а во листата на стрелци се запишаа Нејмар и Килијан Мбапе со по два гола, додека Лионел Меси додаде еден. Сепак, ова не беше доволно Маурисио Покетино да не добие свирежи од трибините.
Елиминацијата од Лигата на шампионите и се почестата врска на Покетино со Манчестер Јунајтед се она што ги нервира навивачите на тимот од „Паркот на принцовите“. И ова не беше првпат Покетино да зборува на оваа тема, но категорично изјави дека ќе биде последен.
„Отсега нема да зборувам за мојата иднина во клубот. Имам договор за уште една година и пред да донесеме каква било одлука треба да ја анализираме ситуацијата“, изјави Покетино.
Аргентинецот проговори и за испаѓањето на ПСЖ од Лигата на шампионите.
„Досега стигнавме до полуфинале и финале, сето тоа е дел од процес кој бара време. Имате и тимови како Јувентус и Манчестер Сити кои исто така сакаат да ја освојат Лигата на шампионите, но не можат да дојдат до она за што работат“, заклучи Маурисио.
📽️ El clima en las tribunas del Parque de los Príncipes 🏟️🇫🇷
😡 Pochettino 🇦🇷, el más resistido
👏 Mbappé, el más aclamado pic.twitter.com/Ka8tp52EQ7
— El Gráfico (@elgraficoweb) April 3, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА