Главниот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали смета дека должност на најбрзиот циркуз во светот е да остане во Саудиска Арабија како би се погрижиле максимално да се посвети внимание на тоа што се случува во земјата и работите да одат во вистински правец.
И покрај големите проблеми со човековите права во земјата, Саудиска Арабија минатата година дебитираше во календарот на Ф1 како претпоследна трка сезоната, а годинава беше домаќин на втората трка.
Иако некои возачи говореа дека не се чувствуваат пријатно во земјата, потпишан е 15 годишен договор и трките ќе мора да се одржат.
„Земјата има свои проблеми во развојот. Сепак, спортот и Формула 1 имаат должност да се погрижат да привлечеме најголемо можно внимание на тоа што се случува, како би можеле сето тоа да го промениме“, изјави Доменикали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА