Поранешниот фудбалер на Ливерпул: Салах не треба да биде во почетниот состав

Преголемиот број на одиграни натпревари за Ливерпул и за репрезентацијата на Египет го земаа данокот па Мо Салах се наоѓа во несвојствен „пост“ од пет натпревари без постигнат гол, односно само еден гол постигнат на последните девет средби.

Падот во формата на Мо Салах го коментираше поранешниот фудбалер на „црвените“, Даниел Стариџ кој вели дека според формата, Египјанецот не заслужува да биде меѓу почетните единаесетмина.

„Доколку судиме по формата, Мо не треба да биде во почетниот состав. Без разлика колку е добар, а е добар, без разлика и колку го почитуваме, во моментот тој се мачи. Многумина велат дека истото се должи на преговорите за продолжување на соработката, но мислам дека не е до тоа. Сепак нема постигнато гол од отворена игра во последните шест недели, едноставно не е својствен на теренот“, изјави Стариџ.

Се вчитува...