По три едноподруго натпревари со победи, лидерот Шкупи мораше да се задоволи само со реми без голови на гостувањето против Скопје во Автокоманда.
Па, чаирчани на крај мораа да признаат пред Љупчо Марковски и неговите избраници кои успеаја да ги запрат во победничкиот чекор.
Скопје, пак, реди позитивни резултати откако претходно триумфираше и на гостувањето против Академија Пандев, но јасно е дека ќе биде повеќе од тешко да се избегне баражот и обезбеди директен опстанок во елитното друштво оваа сезона…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

































