Хаос во Белград – Станковиќ прво „миротворец“, а подоцна сам сакаше да се пресмета со фудбалерите на ТСЦ (ВИДЕО)

Во моментов се игра четвртфиналниот меч од Купот на Србија, меѓу Црвена Звезда и ТСЦ Бачка Топола. Домаќините на полувреме имаат предност од 1-0 со голот на Александар Катаи во 6. минута.

Сепак, голот не е најинтересната работа од првите 45 минути, туку општиот хаос меѓу играчите и стручните штабови на двата тима. Александар Катаи прво тргна да се пресмета со противничките фудбалери, по што тренецот на „црвено-белите“, Дејан Станковиќ тргна да ја смирува ситуацијата.

По неколку секунди Станковиќ од „миротворец“ премина во фаза на војник и самиот тргна да им објасни нешто на противничките фудбалери. Главниот судија на мечот целиот овој инцидент го санкционираше со жолти картони за двата тренери, Станковиќ и Лазетиќ.

 

 

Се вчитува...