Андреј Магдевски и неговиот Плоешти загубија на гостувањето кај Рапид Букурешт со 91-77 во заостанатиот натпревар од 17. коло во романската кошаркарска суперлига.
Гостите одлично го отворија натпреварот. По воведниот период имаа негатива од два поени (23-21), а со одличната втора четвртина на полувреме заминаа со предност од плус шест (36-42).
Сепак, на стартот на вториот дел следеше голем пад. По три четвртини домаќините ја вратија предноста (62-58), а во последниот период го дотолчија противникот за конечни 91-77.
Магдевски имаше солидна партија завршувајќи го мечот со шест поени и осум скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА