ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Работнички има нов „дијамант“, Скопје продолжи да краде бодови на фаворитите

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 26. КОЛО

Стојан Игнатов и Артим Шаќири со победи ги стартуваа своите авантури на клупите на Работнички односно Шкендија. Работнички предводен од 19-годишниот Методи Максимов кој постигна два гола со 0-3 славеше на гостувањето кај Брегалница. Од друга страна Артим Шаќири со победа над битолски Пелистер од 0-2 го почна својот мандат во клубот од Тетово. Македонија ЃП продолжува со одличните партии во пролетниот дел од сезоната, откако иако, можеби незаслужено, според играта со гол во самиот финиш стигна до победа од 0-1 на гостувањето кај Ренова. Љупчо Марковски Калц и неговиот Скопје, по триумфот над Академија Пандев успеа да освои бод и против Шкупи и да ја направи интересна борбата за директен опстанок во ПМФЛ. Академија Пандев по поразот од Скопје, сега одигра само реми со Борец, што резултираше, шефот на стручниот штаб, Ѓорге Стојчев да замине од клупата на струмичкиот тим.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Методи Максимов (Работнички) 

Работнички уште еднаш покажа дека е „фабрика“ за фудбалски таленти. Новиот „дијамант“ на тимот од Дебар маало е 19-годишниот Методи Максимов кој со два гола ја „потопи“ штипска Брегалница во победата на неговиот тим со 0-3.

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Стојан Игнатов (Работнички)

Стојан Игнатов на најдобар можен начин ја почна својата авантура на клупата на Работнички, добивајќи ја Брегалница со убедливи 0-3. Игнатов го смени Борче Христов по поразот од Струга Трим и Лум минатиот викенд и веднаш ги препороди своите фудбалери кои ја продолжија агонијата на Брегалница оваа пролет.

==============================

 

ГОЛ НА КОЛОТО: Методи Максимов (Работнички) 

Работнички има нов „дијамант“. Младиот Методи Максимов постигна два гола во убедливата победа над Брегалница од 0-3, а неговиот втор погодок на натпреварот беше вистинска убавица.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Респектот е најважен во фудбалот! 

Се вчитува...