Екипа Топ 5: Идеална петорка на 21. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Претпоследното коло од регуларниот дел на Првата кошаркарска лига ни донесе шест интересни натпревари во кои на победи се радуваа Пелистер кој славеше во Гостивар, Кожув кој го совлада новлијата Ангели, Куманово кој го доби гостувањето во Аеродром против МЗТ Скопје 2, МЗТ Скопје кој се реваншираше на Феникс 2010, Еуро Никел кој славеше против Работнички и ТФТ кој го одбрани домашниот терен од Академија ФМП.

Во идеалната петорка на колото место има за кошаркарите на ТФТ, Александар Костоски и Амир Смит кои го предводеа „црно-белиот“ тим против „академиците“. Македонецот мечот го заврши со 25 поени, 6 асистенции и 4 скока, додека Амриканецот белсна со дабл-дабл од 17 поени и 13 скока на кои додаде и 5 украдени топки и 4 блокови.

Дамјан Крстевски одигра еден од неговите најдобри натпревари досега со 25 поени, 9 скока и 3 украдени топки во поразот од Кожув, додека Војдан Стојановски и Игор Кесар ги предводеа МЗТ Скопје и Пелситер до триумфи со 22 поени, 4 скока и 3 асистенции, односно 17 поени и 13 скока.

Се вчитува...