Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години и се реваншираше на соодветната репрезентација на Црна Гора за поразот од пред два дена, откако денеска на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје славеше со 3-0.
Надежите поведоа со голот на Мартин Ѓорѓиевски од пенал во 4. минута. Хадис Таири зголеми на 2-0 во 57. минута, додека конечните 3-0 ги постави Дестан Адили во 59. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА