Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе не крие дека сака да заигра за „клубот од детството“ – Реал Мадрид. Младиот Французин беше блиску до трансфер и изминатото лето, а при истекот на договорот се чини дека единственото нешто што спречи од остварување на сонот се парите на ПСЖ.
Имено, богатите газди на францускиот клуб се подготвени да дадат се од себе да го задржат напаѓачот на „Паркот на Принцевите“ во иднина, а тоа значи и понуда од 150 милиони евра за две сезони, пренесува шпанскиот новинар Гилем Балагуе.
Според истиот новинар последната понуда ги променила и погледите на Мбапе па сега тој бара повеќе од 30 милиони евра годишно од Реал Мадрид, плата која шпанскиот тим добро ќе размисли дали да му ја понуди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

