Фленсбург се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Шампионите и покрај тоа што во реваш средбата против Сегед загуби на гостински терен со 36-35. Германскиот состав ја задржа предноста стекната во првиот натпревар (25-21) и закажа дуел против Барселона.
Ефективниот натпревар започна во знакот на германскиот тим кој отвори со серија од 3-0, но домаќините не дозволија зголемување на негативата. Ја консолидираа својата игра па успеаја да стигнат и до изедначување (10-10), а изедначената игра продолжи до крајот на полувремето до кое резултатот гласеше 17-18.
Добриот ритам на мечот продолжи и во второто полувреме во кое со серијата од 2-0, Сегед успеа да ја превзема и предноста (21-20), а продолжи во ист ритам па во еден момент имаше позитива од 33-30. Но, Германците не дозволија изненадување, заиграа подобро во нападот и одбраната па возвратија со серија од 3-0 за изедначување, а до крајот ја задржаа предноста стекната во првиот натпревар.
Фримел ги предводеше домаќините со шест гола, а него го следеше Габер со пет. Ване беше прв стрелец на гостите со девет гола, додека Готфридсон додаде седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА