ПСЖ се пласираше во четвртфиналето од разигрувањето во Лигата на Шампионите откако на домашен терен славеше против Елверум со 37-30. За разлика од првиот натпревар кога тимот од Норвешка се избори за реми, овој пат францускиот тим беше на врвот на својата задача и без проблеми се пласираше во следната фаза.
„Светците“ уште на самото отварање го назначија текот на мечот. Од минута во минута ја зголемуваа предноста за на полувремето да имаат позитива од 20-14. Добрата игра продолжи и во вторите 30. минути во кои предноста стана и двоцифрена (37-27) за до крајот со серија од 3-0 гостите да ја ублажат елиминацијата.
Криштопанс и Шипрзак го предводеа ПСЖ со по седум гола, додека Моен-Нилсен беше најрасположен кај гостите со десет. Него го следеше Лиен со пет.
C'est fait ! Paris est qualifié pour les 1/4 et affrontera @thw_handball le 11 ou le 12 mai prochain ici même à Coubertin pour le match aller. #PSGELV @ehfcl pic.twitter.com/ReJsVKplnd
— PSG Handball (@psghand) April 7, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА