Македонската женска репрезентација запиша убедлив пораз од 0-10 од Англија во седмиот свој натпревар од квалификациката група Д за пласман на Светското првенство.
Уште еден во низата убедливи порази на македонските фудбалерки во квалификациите, овој пат среде Скопје од Англичанките кои запишаа десет погодоци. Мид постигна четири гола за Англичанките, Тун три погодоци, Стенвеј два гола и еден Вајт.
Македонија запиша повеќе од убедливи порази на последните три квалификациски дуели во групата. По претходните два порази од Северна Ирска (0-11 и 0-9), сега следи нов од 0-10. Македонија на последните три дуели има неверојатна гол разлика од 0-30!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА