„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Брандт испиша историја во Бундеслигата

Фудбалерите на Борусија Дортмунд некако остануваат во игра за титулата во Бундеслигата, откако синоќа во премиерниот натпревар од 29. коло во германскиот шампионат славеа на гостувањето кај Штутгарт со 0-2.

Херој за „милионерите“ беше Жулијан Брандт кој ги постигна двата погодоци на натпреварот. Интересно е тоа што тој почна од клупата за резерви, но само по една минута влезе на местото на повредениот Реина.

Му беа потребни само 12. минути да се запише во листата на стрелците, со што стана измена која постигнала најбрзо гол во еден натпревар во Бундеслигата.

 

Се вчитува...