Фудаблерите на Тотенхем стигнаа до убедлива победа на гостувањето кај Астон Вила од 0-4 во натпревар од 32. рунда во англискиот фудбалски шампионат.
Херој за тимот од Лондон беше Кореецот, Сон кој постигна хет трик. Тој беше стрелец на головите во 3. 66. и 71. минута, додека четвртиот погодок беше дело на Дејан Кулушевски во 50. минута од натпреварот.
Со овој триумф избраниците на Антонио Конте избија на четвртата позиција на табелата, искористувајќи ги денешните порази на Арсенал и Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА