ПМФЛ – 27. КОЛО…
Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-1)
Хасани 36′ – Шефити 88′
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (2-0)
Митровски (п) 51′, Велиновски 86′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА (1-1)
Емини (п) 78′ – Ѓокиќ 59′
Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ (3-1)
Сенгор 18′, Адетунџи 67′, Маргвелашвили 82′ – Сенгор (а.г.) 21′
Струга: СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ (1-0)
Радиќ 67′
ПРЕТХОДНО
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0
Максимов 29′
======================================================================================
- Завршија сите натпревари од 27. коло во Првата лига. Шкендија „киксна“ и повторно „виси“ пласманот во Европа, по победата на Академија Пандев, и „ремито“ на Македонија ЃП со Брегалница. Шкупи беше сигурен и на домашен терен го совлада составот на Борец со 3-1, додека Струга ТЛ оствари минимален триумф над Скопје
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-1)
1-1 88′ – КАКОВ ШОК ЗА ШКЕНДИЈА! На две минути пред крајот Ренова израмни. По нафрлување од левата страна, Шефити со глава погоди во мрежата на Захов
АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (2-0)
2-0 86′ ГОООООЛ! Велиновски погоди во мрежата на Трајчевски за водство од 2-0, и обезбедување на победата
ШКУПИ – БОРЕЦ (3-1)
3-1 82′ – ГОООООЛ! ПРЕКРАСЕН ГОЛ! Маргвелашвили со ножички стрелаше во мрежата на Борец по нафрлувањето на Брдаровски од десната страна
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА (1-1)
1-1 78′ – ГООООЛ! Сефер Емини од пенал погоди во мрежата на Денковски, и го израмни резултатот
СТРУГА Т.Л. – СКОПЈЕ (1-0)
1-0 67′ – ГОООООЛ! Радиќ го носи домашниот тим во водство од 1-0 над Скопје
ШКУПИ – БОРЕЦ (2-1)
2-1 – 67′ – ГООООООЛ! Адетунџи беше прецизен во мрежата на Борец, откако настана мешаница пред голот на велешани, по центаршут на Алварез. На крајот Нигериецот беше присебен и ја смести топката во мрежата
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА (0-1)
0-1 – 59′ – ГОООООЛ! Милан Ѓокиќ со глава постигна гол во мрежата на Македонија ЃП, откако убаво на првиот дирек ја спроведе топката, по нафрлувањето од корнер
АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
1-0 51′ – ГООООООЛ! Од пенал Академија Пандев поведе. Митровски е прецизен од белата точка со кој носи водство над „фенерџијата“
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)
1-0 35′ – ГОООООЛ! Шкендија ја оправдува фаворитската улога и поведе во тетовското дерби. Искусниот Хасани нови предност за тетовските „црвено-црни“. Прекрасен гол од слободен удар на играчот на Шкендија
ШКУПИ – БОРЕЦ (1-1)
1-1 17′ – ГОООООООЛ! Сенгор овој пат стрелаше и во својата мрежа. Откако од десно од Лука Трајкоски беше упатена топка по земја, стоперот на Шкупи го изненади Наумовски и го израмни резултатот
ШКУПИ – БОРЕЦ (1-0)
0-1 17′ – ГОООООООЛ! Шкупи поведе со голот на Сенгор. По успешно изведен корнер, стоперот на чаирчани ја смести топката во голот на Борец и го донесе својот тим во водство
======================================================================================
Во 27. коло во ПМФЛ, сите погледи ќе бидат насочени кон Тетово, Ѓорче Петров и Струмица каде што Шкендија, Македонија ЃП и Академија Пандев се борат за двете места кои носат излез во Европа. Во Тетово се игра тетовското дерби, во Ѓорче Петров гостува Брегалница, а Академија Пандев ќе игра против последнопласираниот Пелистер
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА