Македонската ракометна репрезентативка, Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва стигнаа до титулата во националниот куп на Русија. Тие во финалето славеа над големиот ривал Ростов Дон по тешка борба со 22-25.
Првото полувреме се играше во егал сите триесет минути, па затоа и на полувреме се замина со реален резултат (12-12). Вториот дел Ристовска и соиграчките го отворија подобро. Цело време ја имаа предноста, а во последните десет минути успеаја за првпат да се одлепат на три позитива (19-22) која беше клучна за на крајот да стигнат и до конечен триумф од 22-25.
Сара Ристовска натпреварот го заврши со два гола. За ЦСКА Москва ова е прва титула во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА