Аријан Адеми уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите фудбалери кои во историјата ги имал Динамо Загреб. Македонскиот репрезентативец повторно беше херој за својот тим во победата со пресврт на гостински терен кај Ријека од 1-2 во дерби натпреварот од 30. коло во Првата фудбалска лига на Хрватска.
Домаќините одлично го отворија натпреварот и по само шест минути дојдоа до водство од 1-0 со голот на Гнезда Черин. Како одминуваше времето така гостите играа се подобро и подобро.
Прво преку Емрели во 79. минута израмнија на 1-1, додека конечните 1-2 на маестрален начин со удар со глава ги постави нашиот Адеми. Тој и Ристовски беа од првата минута на теренот за „модрите“, а капитенот на нашата репрезентација беше заменет во 76. минута. Дарко Велковски исто така беше стартер кај Ријека и одигра 82. минути.
Rijeka 1-2 Dinamo (86′)
The captain wins it for Dinamo!!! pic.twitter.com/2F1IHhIhgY
— Everything About HNL (@AboutHnl) April 10, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

