ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Шкупи се поблиску до титулата, талентот Максимов продолжува да воодушевува

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 27. КОЛО

Шкупи сигурно чекори кон титулата во македонскиот шампионат, откако вчера во 27. рунда славеше на домашен терен против Борец со 3-1. Шкендија одигра само реми 1-1 против Ренова, па сега разликата на чаирчани изнесува огромни 13 бода, а до крајот треба да се одиграат уште шест кола. Шкендија, заедно со Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров до крај ќе води голема битка за останатите две места кои водат во Европа следната сезона. Методи Максимов полека, но сигурно прераснува во нова фудбалска ѕвезда на Македонија. По двата гола минатото коло против Брегалница, овојпат донесе триумф за својот тим и на мечот против кавадаречки Тиквеш. Кога е во прашање борбата за опстанок Пелистер веќе одамна е отпишан, а и Борец е на добар пат следната сезона да го гледаме во ВМФЛ. Струга со победата против директниот ривал Скопје најверојатно го осигура местото во ПМФЛ догодина, а токму Скопје и Тиквеш ќе бидат учесници во баражот.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Методи Максимов (Работнички) 

Методи Максимов полека, но сигурно прераснува во нова фудбалска ѕвезда на Македонија. По двата гола минатото коло против Брегалница, овојпат донесе триумф за својот тим и на мечот против кавадаречки Тиквеш.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТиЛ)

Тренерот кој има најдолг стаж во ПМФЛ, Срѓан Захариевски заслужено го добива епитот најдобар на колото откако на својата Струга Трим и Лум најверојатно и сезонава и обезбеди опстанок во елитата. Многу проблеми со заминување на неколку од најдобрите играчи, не беа проблем младиот стратег повторно да има солидна сезона покрај езерото. Неговиот тим вчера славеше над Скопје кој беше директен конкурент на стружани за едно од последните места кои и сигурно носат опстанок.

==============================

 

ГОЛ НА КОЛОТО: Методи Максимов (Работнички) 

Шкупи сигурно чекори кон титулата во македонскиот шампионат, откако вчера во 27. рунда славеше на домашен терен против Борец со 3-1. Натпреварот го одбележа прекрасниот погодок со „ножички“ на грузискиот интернационалец Гаги Маргвелашвили.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Бато, бато, полека не ме јавај! 

Се вчитува...