Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на Вардар, Бобан Грнчаров од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона. Ова го соопшти ФК Вардар на својот “Фејсбук”.
Грнчаров ќе го замени Никола Глигоров, уште една легенда на клубот. Глигоров си поднесе оставка после поразот од Гостивар.
Грнчаров беше капитен на тимот во најголемиот успех – пласман во групите во Лигата на Европа.
Досега Грнчаров беше дел од стручниот штаб на “црвено-црните” како помошник. Ова за него е прв предизвик како тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА