Шпанскиот новинар Еду Агуире пласираше вест дека катарскиот сопственик на ПСЖ се одлучил ова лето да го продаде клубот. Катарска компанија од 2011 година е сопственик на клубот, а со клубот управува претседателот Насер Ал-Келаифи. Од превземањето на клубот, целта беше да се направи европска велесила и да се освои трофејот во Лигата на шампионите.
Шеиците вложија многу пари, беа донесени многу скапи играчи како Мбапе, Нејмар, Меси, Донарума, вложија голема сума на пари, но ПСЖ и натаму чека на шампионски трофеј во ЛШ. Со оглед дека го нема, сега наводно им дошло преку глава, па подготвени се да се повлечат од клубот.
Според Агуире, продажбата на ПСЖ би се случила по Мундијалот во Катар, а потоа ќе бара да купи нов клуб.
„Одлуката на Катар е да го продаде ПСЖ. После Светското првенство, Ал Келаифи ќе биде надвор од ПСЖ“, рече Агуире.
Сепак, неговите зборови се сосема спротивни од она што го тврдат француските медиуми, особено „Л’Екип“ кој пишува дека нема повлекување, се додека не се оствари примарната цел – освојување на Лигата на шампионите.
🚨 Qatar have reportedly decided to sell PSG after the World Cup this winter. Nasser Al-Khelaifi will leave the club too.
(Source: @EduAguirre7) pic.twitter.com/01TKn5vRkx
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 11, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА