Најмоќната жена во фудбалот пред раскрсница – Челси или Абрамович?

Најмоќната жена во светскиот фудбал, Марина Грановскаја не замина од Челси заедно со Роман Абрамович. Поради војната во Украина и санкциите кои се воведени против руските биснисмени Абрамович беше принуден да го продаде клубот и тоа би требало да биде завршено во следните неколку недели.

Поради тоа сите сега се прашуваат на кого ќе му биде Марина верна. На Челси или Абрамович? Посебно откако претходните денови се зборува дека богатиот Русин наскоро би можел да купи нов клуб, а се споменува и шпанската Валенсија.

Порталот „Атлетик“ пишува дека сите потенцијални купувачи на клубот од Лондон имале само едно барање при давање на понуда, а тоа е Грановскаја да остане во клубот. Поради тоа и таа се двоуми, но чека да види кој ќе стане нов сопственик.

Грановскаја и Абрамович соработката ја почнаа во 2010 година, а таа три години подоцна влезе и во управниот одбор. Стана спортска директорка и со неколку феноменални потези го вивна клубот во европските височини.

Се вчитува...