Македонската женска репрезентација до 19 години со две победи против Лихтенштајн и Молдавија, и минимален пораз од Словенија, го заврши настапот на турнирот во Словенија за пласман во А групата од развојните турнири на УЕФА.
Нашата млада женска селекција се претстави во одлично издание на трите натпревари, а задоволство од играта на македонската репрезентација искажа селекторот, Астрит Мерко.
„Ни недостасуваше само погодок од бројните шанси кои ги направивме против Словенија да ја минеме оваа фаза и да се квалификуваме во А групата. Одигравме одличен турнир, остваривме сигурни победи против Лихтенштајн и Молдавија, но во директниот дуел со домаќинот Словенија, за жал не ги искористивме шансите. Во мечот доминиравме. Задововолен сум од посветеноста, борбата и упорноста која ја прикажаа нашите девојчиња. Убеден сум дека следуваат подобри времиња за македонскиот женски фудбал. Во оваа група сериозно се наметнуваат неколкумина девојчиња кои во иднина ќе бидат значаен дел од најдобрата наша селекција. Во јуни и август (двомеч против Романија) не очекуваат подготвителни натпревари, а тоа е нова добра шанса за потврда на квалитетот на оваа селекција“ – вели Мерко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА