Зверев преку Делбонис до осминафинале во Монте Карло

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласираше во осминафиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Монте Карло. Тој вечерва беше подобар во 2. коло од аргентинскиот тенисер, Федерико Делбонис со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 7-5.

Во осминафиналето Германецот ќе игра против  Шпанецот, Карено Буста.

Шампионот од Мајами, Алкараз го заврши уште на стартот настапот во кнежевството откако беше поразен од Чехот, Корда. Пласман во осминафиналето денеска обезбедија и Рубљов, Фриц, Синер, Хуркач…

Се вчитува...