Тихомир Костадинов ќе биде надвор од терените минимум шест месеци. Ова го соопшти клупскиот лекар на тимот на Пјаст Гливице, потврдувајќи дека македонскиот интернационалец има скинати лигаменти на коленото.
„Костадинов го чека пауза од минимум шест месеци“, изјави клупскиот доктор на полскиот тим.
Следната недела Костадинов ќе прави операција, а потоа го чека долг рехабилитационен процес, потврдија од Пјаст. Тој ќе го пропушти крајот на сезоната во Полска, а ако биде се во ред, тогаш се очекува да се врати некаде кон крајот на годината.
Тоа значи дека Костадинов сигурно нема да биде во комбинација за репрезентативните дуели од Лигата на нации во јуни и во септември.
Badania wykazały, że Tiho Kostadionov zerwał więzadła krzyżowe w kolanie, a Rauno Sappinen doznał złamania kości twarzoczaszki. Obu zawodników czeka dłuższa przerwa w grze.
Tiho i Rauno, dużo zdrowia i wracajcie szybko! 🙏
Szczegóły ➡️ https://t.co/hSzIvMP33a pic.twitter.com/Y8TfWkdRdH
— Piast Gliwice (@PiastGliwiceSA) April 13, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

