Мбапе е минато, ПСЖ веќе ја пронајде неговата замена

Одличниот напаѓач на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и веќе е на мета на многу европски клубови. Скаутите на гигантите го следат веќе подолго време, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Пари Сент Жермен.

22-годишниот уругвајски репрезентативец игра извонредно, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него. ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата бидејќи бара засилувања во нападот, каде на лето готово сигурно заминува Мбапе.

„Светците“ се подготвени да платат 70 милиони евра за одличниот Уругваец, кој ги воодушеви сите оваа сезона со своите настапи, особено во Лигата на шамиони каде постигна 6 гола.

Се вчитува...