Италијанскиот шампион Интер влегува во трката за потписот на српскиот фудбалски интернационалец, Лука Јовиќ, пренесуваат медиумите од Шпанија и Италија.
„Нероаѕурите“ наводно ја следат ситуацијата на Јовиќ во Реал Мадрид, а покрај Србинот, заинтересирани се и за услугите на Дани Себаљос.
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио наводно присуствувал на натпреварот меѓу Реал и Челси во Лигата на шампионите, кога биле направени разговори со двајцата фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА