Играч на Монако прво засилување за Јунајтед за следната сезона

Манчестер Јунајтед почнува со градењето на тимот за следната сезона. Во следниот период треба да биде промовиран Ерик Тен Хаг за нов тренер на екипата, а Холанѓанецот веќе е „растрчан“ и по засилувања за екипата.

Според англиските медиуми, прва цел на Тен Хаг е играчот на Монако, Орелиен Чуамени кој ќе треба да биде засилување за средниот ред, со оглед дека сигурно заминува Немања Матиќ, а можеби и Пол Погба.

Монако е отворен за преговори, и за неговите услуги бара 60-70 милиони евра.

Манчестер Јунајтед со Тен Хаг подготвува ремонт во тимот, со цел екипата после долго време да дојде до титула.

Се вчитува...