МЗТ Скопје го игра клучниот натпревар за враќање во АБА лигата. Во полуфиналето на АБА2 лигата, „металците“ имаат 43-39 на полувремето против Широки брег, најавувајќи триумф за место во финалето кое ќе значи и влез во најквалитетното регионално натпреварување.
Како што е познато, финалниот турнир од АБА2 лигата е и од хуманитарен карактер. Средствата собрани од продадените билети одат во Фондацијата „Марко Блажевски“.
Токму, во чест на Марко Блажевски, верниот навивач на МЗТ Скопје, кој прерано го заврши својот живот, се игра и денешниот полуфинален дуел во „Јане Сандански“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА