На 65-годишна возраст почина Мајк Боси, канадскиот хокеар и еден од најдобрите на сите времиња. Минатата година на Боси му беше дијагностициран тумор на белите дробови.
Целата кариера Боси ја мина во Њујорк Исландерс, и беше предводник на екипата која од 1980 до 1983 година освои четири по ред титули во НХЛ лигата. Боси посебна трага остави како фантастичен стрелец. Во 752 настапи, постигна 573 гола, што е најдобар просек на еден играч кој има повеќе од 150 натпревари во НХЛ.
Боси е единствен хокеар кој во историјата постигнал 50 и повеќе голови во девет сезони по ред, а единствено тој и Вејн Грецки постигнаа 60 и повеќе во текот на пет сезони.
Вкупно оствари 1126 поени во 752 настапи. Карерата ја заврши предвеме поради повреда на грбот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА