ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Силекс чекори кон елитата, Вардар убедлив со Тетекс, Воска без голови против Гостивар

Силекс сигурно чекори кон Првата македонска фудбалска лига, откако денеска во 23. коло во Втората фудбалска лига на Македонија – Запад убедливо славеше на домашен терен против Кадино со 5-0.

Домаќините поведоа со голот на Мичковски во 16. минута, а до крајот на првиот дел беше 2-0 со голот на Димоски во 45. мунута. Во вториот дел Петкоски со еден и додевски со два гола ги поставија конечните 5-0.

Воска полека, но сигурно го губи чекорот со Силекс за директна промоција во ПМФЛ, откако денеска на домашен терен ремизираше без голови против Гостивар.

До убедлив триумф стигна и Вардар кој триумфираше со 4-0 во „братското дерби“ против Тетекс. Мишковски, Парталко и Петковски на двапати беа стрелци на погодоците на „црвено-црните“.

Во преостанатите два меча од денешната понуда Кораб – Велешта … и Беса – Охрид….

РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО

СИЛЕКС – КАДИНО 5-0

ВАРДАР – ТЕТЕКС 4-0

ВОСКА – ГОСТИВАР  0-0

КОРАБ – ВЕЛЕШТА  3-1

БЕСА – ОХРИД  1-0

Се вчитува...