ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Слога со „осумка“ против Локомотива, победи на Беласица и Победа

Слога Виница ја задржа лидерската позиција во Втората лига – Исток, со бод предност во однос на Беласица и Победа откако и трите екипи славеа победи во 23. коло.

Слога беше убедлива победувајќи со 8-0 против Локомотива со хет-трик на Бојан Иванов, два гола на Шуманов, а по еднаш погодија Симевски, Митров и Сали.

Победа триумфираше со 2-1 против Осогово со головите на Наумоски и Спиркоски уште во 7. односно 11. минута.

Беласица, пак, со 2-0 ја победи Каменица Саса со головите на Трајков и Коцев во првото полувреме.

Детонит јуниор, во битката за опстанок, дојде до важна победа на гостувањето против Пехчево со голот на Чичевски во 66. минута кој погоди со шут од 25 метри.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (23. коло)

Слога Виница – Локомотива 8-0

Пехчево – Детонит јуниор 0-1

Победа – Осогово 2-1

Беласица – Каменица Саса 2-0

Кожуф – Братство 0-0

Се вчитува...