Атлетико со пенал во 100-та минута, триумфираше над Еспањол (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид дојде до победа над Еспањол, буквално во последната секунда од натпреварот. Во меч со многу возбудувања, и со црвен картон, на крајот четата на Диего Симеоне во 10-тата минута од судиското надополнување со гол од белата точка стигна до победа.

Херој на „Атлети“ беше Јаник Караско кој влезе во вториот дел, и со два гола ја донесе победата.

Првиот гол Караско го постигна во 52. минута. Потоа почнаа проблемите за Атлетико откако Кондогбиа доби исклучување, а три минути подоцна Де Томас израмни на 1-1.

Сепак, Караско во 100-тата минута беше прецизен од белата точка, за три бода на домашниот тим.

Се вчитува...