Само неколку дена откако обезбедија победа над Барселона, и ја елиминираа од Лигата на Европа, денеска екипата на Ајнтрахт Франкфурт доживеа непријатен пораз од Унион Берлин на гости.
Победата од 2:0 беше обезбедена во рок од четири минути. Во 17. минута Авонији донесе водство за Унион, а во 21. минута Промел зголеми на 2-0, што беше конечен резултат.
Во вториот натпревар одигран во овој термин, Хофенхајм и Гројтер Фурт одиграа разочарувачки меч без голови. Иако Хофенхајм имаше повеќе шанси, сепак, на крајот „фенерџијата“ се избори за еден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА