Екипата на Челси е втор финалист во ФА Купот на Англија, и ќе игра во големото финале против Ливерпул кој вчера обезбеди пласман во големото финале после победата над Манчестер Сити.
Лондонските „сини“ дури во вториот дел стигнаа до триумф над Кристал Палас од 2-0. Лофтус-Чик во 65. минута донесе водство за Челси, а на 2-0 зголеми Маунт во 76. минута, и го реши победникот.
Финалниот меч се игра на 14. мај на „Вембли“ во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА