Севилја имаше добра можност да дојде до победа над Реал Мадрид, и да го направи првенството во Шпанија кога станува збор за титулата уште поинтересно, но на крајот „кралевите“ дојдоа до победа од 3-2 во интересен, возбудлив меч во кој лидерот дојде до голем пресврт и се доближи на милиметар до титулата.
Домашниот тим се стекна со водство од два разлика за само четири минути. Ги искористи своите минути и поведе со голот на Ракитиќ во 21. минута. Ламела во 25. минута донесе 2-0.
Во вториот дел, се чини, Реал влезе во ритам со влегувањето на Родриго. Токму Родриго во 50. минута го намали резултатот, а потоа следуваше и момент кој можеше да биде одлучувачки. Во 76. минута Винициус постигнува гол, кој беше поништен поради игра со рака, иако топката му удри во горниот дел.
Сепак, седум минути подоцна Начо се најде во шеснаесетникот и по асистенција на Карвахал, погоди во мрежата на Боно. Реал тргна по победата и до неа дојде во 92. минута преку Бензема кој даде гол за голем триумф и голема победа на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

