НБА: Милвоки не дозволи изненадување, овојпат поразен Чикао (ВИДЕО)

Милвоки издвои тесна победа над Чикаго успевајќи да слави со 93-86. Домаќините се потпираа на одбраната, особено во моменти кога не одеше на другата страна од теренот.

Шампионот покажа квалитет повеќе и плус карактер, иако за момент пропушти плус 16 поени предност против Булси. Сепак, на крајот славеше во меч со мал број на поени.

Булси го имаа најлошиот процент на шутеви во сезоната со 32,3%. Ова беше нивниот прв натпревар во плејофот во последните пет години. Кај Чикаго особено се истакна Црногорецот Никола Вучевиќ со 27 поени и 17 скока.

 

РЕЗУЛТАТИ:

Мајами – Атланта 115:91 (1:0)
Бостон – Бруклин 115:114 (1:0)
Милвоки – Чикаго 93:86 (1:0)
Феникс – Њу Орлеанс 110:99 (1:0)

Се вчитува...