Кошаркарите на Јута Џез не успеа да искористи уште едно отсуство на Лука Дончиќ, и да дојде до втор „брејк“ во серијата со Далас. Маверикс на свој терен успеа да израмни на 1-1, победувајќи 110-104, а благодарение на натпреварот на животот на Џален Брунсон кој постигна 41 поен. Беше тоа одлична шутерска вечер на домашната екипа која погоди 22 тројки, и од тоа гостите од Солт Лејк Сити не можеа да се одбранат.
Филаделфија го совлада тимот на Торонто со 112-97. Домашниот тим до победа го предводеше тандемот Ембид – Харден. Првиот го заврши мечот со 31 постигнати поени, а Харден додаде 14 со шест асистенции, и имаа поддршка од Мекси кој уфрли 23 поени и девет скока.
Денвер и Никола Јокиќ се пред елиминација, откако губат 2-0 во серијата од Голден Стејт. Вориорс беа подобри и победија со 126-106, благодарение на 34 поени на Стив Кари. Јокиќ имаше 26 поени и 11 скокови, но тоа не му помогна на својот тим. Српскиот центар беше исклучен на седум минути пред крајот на натпреварот кога заработи втора техничка грешка.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Торонто 112:97 (2-0)
Далас – Јута 110:104 (1-1)
Голден Стејт – Денвер 126:106 (2-0)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

