Завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија ќе се одржи во салата „Јасмин“ во Кавадарци, во периодот од 13 до 15 мај, беше одлучено на денешниот состанок на Управниот Одбоар на Ракометната Федерација на Македонија.
Низ годините Купот на Македонија сме го организирале во различни градови ширум државата, годинава сме во контакт со раководството на РК Тиквеш и градот Кавадарци, кои имаат голем ентузијазам да бидат домаќини на овој настан. Веруваме дека ова е најдобра опција во моментов“, порача Генералниот секретар Филип Милошевски, по што предлогот беше едногласно изгласан од УО.
Воедно, покрената е одлична иницијатива, пред финалето што ќе се одигра во машка конкуренција во Купот на Македонија, да биде одигран ревијален натпревар меѓу кадетскиот шампион, тимот на РК Бутел, и селекција од најдобрите играчи од кадетска конкуренција. Овој меч би бил одигран во чест на Марко Божиновски, кој беше наш кадетски репрезентативец.
Пласман на фајналфор турнирот од Купот на Македонија обезбедија, Вардар, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел, а ждрепката за полуфиналето ќе се одржи в среда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА