Филип Костиќ го одигра најдобриот меч во кариерата, предводејќи го Ајнтрахт до џиновска победа од 2-3 над Барселона на „Камп Ноу“, по што српскиот репрезентативец повторно стаана максимално актуелен на трансфер-пазарот. Интер е клубот што во моментов делува најзагреано за услугите на Костиќ, па „нероаѕурите“ во најскоро време ќе ги интензивираат преговорите со Ајнтрахт за ангажман на овој фудбалер.
Минатото лето српскиот интернационалец минатото лето требаше да потпише за Лацио, но преговорите пропаднаа во последен момент, по што тој ја прекина соработката со менаџерот Фали Рамадани. Новиот агент на Костиќ, Алесандро Лучи, е човекот кој го одведе Един Џеко од Рома во Интер, станува збор за менаџер кој има блиски односи со „неоаѕурите“ и кој според неофицијалните информации веќе ги има договорено и личните услови за договорот меѓу Србинот и актуелниот првак на Италија.
Станува збор за четиригодишен договор за плата од пет милиони евра, сума со која Костиќ е презадоволен, но потежок дел од задачата ќе биде да се постигне договор со Ајнтрахт. Имено, првата понуда од 15 милиони евра (плус четири преку неколку клаузули) била експресно одбиена. Германскиот клуб бара најмалку двојно поголема отштета иако Костиќ летово ќе има само една година од договорот со тимот од Франкфурт.
Се очекува Интер да ја зголеми понудената сума, со оглед на фактот дека Костиќ по стилот на игра би бил идеален наследник на Хрватот Перишиќ, кому летово му истекува договорот со „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА